Успешно завршена Синергија 2017

Завршена е уште една "Синергија",годишен состанок на Мајкрософт посветена на компании од приватниот и јавниот сектор, како и на поединци кои се занимаваат со информатичка технологија. Покрај двете вообичаени целини - Tech Days и Business Days -темата на овогодинешниот настан беше и EDU Sinergija, манифестација наменета за студенти и образовни институции.

Состанокот беше отворен со воведно предавање кое го водеа Жељко Вујиновиќ, директор на "Мајкрософт Србија", Драган Томиќ, директор на развојниот центар, и Никола Божиновиќ, директор на компанијата Frame во кое се разговараше за дигиталната трансформација и работењето "во облакот" кое ги отклонува бариерите и им овозможува на стартапите, малите и средните претпријатија да го најдат своето место на дигиталната мапа на светот.

Во текот на следните два дена следеше серија на предавања кои ги одржаа вработените Микрософт, партнерите и експертите. Предавањата беа поделени по категории, и општиот впечаток беше дека секој може да си пронајде тема за себе.

Ибис Инструменти, како спонзор на овогодинешната Синергија, на вториот ден од конференцијата излезе со презентацијата „Ibis Performance Insights - advanced Big Data analytics platform”. Темата на ова предавање беше Big Data решението Ibis Performance Insights – iPi, со фокус на архитектурата на самото решение и со презентацијата на неговите најважни функционалности. Во презентацијата, најмногу се зборуваше за различните Big Data технологии и алгоритмите за надминување на предизвиците во областа на performance management на различни системи.