Успешна имплементација на Big Data платформата

Ибис Инструментс со гордост Ве известува дека новата Big Data платформа на Ибис Инструментс ја доживеа својата прва комерцијална имплементација во голем Tier 1 оператор кој функционира во повеќе земји во регионот.

Голем Tier 1 провајдер ја користи BigData платформата на Ибис Инструментс прилагодена на околината на провајдерите на ИКТ услуги за да го подобри квалитетот на услугите, да ја оптимизира својата мрежа, да го намали времето на недостапност на услугите и да ги намали трошоците и да го подобри задоволството на клиентите.

Со ова решение тие воведоа иновативен модел на аналитички управувани мрежни операции што им овозможи ефикасно пратење од крај-до-крај на перформансите на нивната мрежа, вклучувајќи ја целата корисничка опрема. Решението обезбедува напредна анализа на изворот на проблемите (root cause) во реално време за проблемите предизвикани во нивната хибридна оптички коаксијална (HFC – hybrid fiber coaxial) мрежа и корелација со проблемите на клиентите. Со својата напредна анализа и способности за известување, решението помага во оптимизацијата на мрежата и со анализата во реално време компанијата ги трансформира нивните операции од реактивен во проактивен пристап. Решението донесе придобивки за целата организација:

  • Центарот на Мрежни операции - Проактивно обезбедување на услугата (service assurance)
  • Теренските операции - Прецизна RCA, Побрзо решавање на проблемите
  • Грижа за корисници -Подобрени FCR