Успешен настап на ANGA COM


ANGA COM е конференција на која се претставуваат актуелните технологии во светот на кабловските телекомуникации и се прикажуваат иницијативи кои ќе го водат понатамошниот развој на индустријата во наредните години.

Овогодишниот конгрес и саем ANGA COM, организиран од 12 до 14 Јуни 2018 година во Келн, во Германија, достигна нови рекордни нивоа и заврши со извонредни резултати од 21,700 посетители и повеќе од 500 излагачи. Меѓу сите тие излагачи беше присутен и IBIS INSTRUMENTS со штанд во Хала 7 и го демонстрираше своето иновативно решение за телекомуникациската индустрија – Ibis Performance Insight (iPi).

Во текот на овие 3 дена на излагање, покрај нашиот директор на продажба, Срѓан Матиќ и директорот за истражување и развој Бојан Павловиќ, присуствуваа уште двајца колеги на нашиот штанд. Сите тие го демонстрираа продуктот IPI, напредна аналитичка платформа заснована на биг дата технологијата која пружа моќен мотор за давателите на комуникациски услуги.

Резултатите од нашето излагање на ANGA и оваа година се одлични и се надеваме дека следната година ќе бидат уште подобри.