Одржана конференцијата eSecurity 2018

Втората меѓународна eSecurity конференција, беше одржана од 25. до 27. април во хотелот Crowne Plaza во Белград во организација на Здружението eSigurnost. Настанот привлече голем број на стручњаци од земјата и од странство од областа на ИКТ, информациската безбедност, дигиталната форензика, ИТ ревизија и управување со ИТ ризиците, а како еден од спонзорите на конференцијата беше и компанијата ИБИС ИНСТРУМЕНТС.

Главните теми на предавањата беа посветени токму на сајбер безбедноста и заштитата на компаниите и поединците. Покрај тоа, конференцијата обработи и други значајни и актуелни теми како што се GDPR, IoT, RF, blockchain, крипто валути и.т.н.

На конференцијата, пред компанијата Ибис Инструментс предавање одржа Предраг Шкундриќ со темата “SOC beyond incident by Ibis Instruments” каде е представена имплементацијата на Центарот за управување со безбедност (SOC) во рамки на организацијата. За имплементација на системот како модел е користена ИБМ технологијата базирана на IBM QRadar и Control Desk платформите. Со презентацијата беа покриени сите аспекти на делување на SOC вклучувајќи ја нивната меѓусебна интеграција. Со презентацијата, на систематски начин се опишани и управувањето со сите процеси во рамките на SOC и е скициран дизајнот на истиот со неопходните инфраструктурни елементи. Покрај самата технологија беше обработен и делот кој се однесува на управувањето со човечките ресурси, како и процесите на ескалација во случај на пријавените инциденти.