Одржана е VIAVI работилница

Ибис Инструментс, во соработка со долгогодишниот партнер Viavi Solutions во понеделник, 5ти Февруари 2018, во просториите на Ибис Инструментс во Белград организираше работилница на тема „All IP transformation challenges“.

Темите на кои се разговараше во рамките на работилницата беа, предизвиците при изградбата, инсталацијата и одржувањето на GPON мрежите како и искуствата на другите телекомуникациски оператори од околината.