Транспортни системи

За да ја премостиме врската меѓу кор мрежата (core network) со голема брзина и комплексната инфраструктурна пристапна мрежа, Метро и WAN мрежите минуваат низ период на миграција од традиционална TDM на пакетни мрежи. Постојните и многу застапени системи на транспортно ниво полека го губат приматот од технологиите кои овозможуваат многу поголема искористеност на капацитетите и се значително полесни за управување и одржување. Нашето портфолио на тестна опрема, софтвер и системи им овозможува на операторите, провајдерите на услуги и производителите на мрежна опрема да имплементираат поуздани транспортни мрежи и да го оптимизираат квалитетот на сите услуги кои тие ги обезбедуваат.

SmartClass Ethernet

SmartClass Ethernet

VIAVI SmartClass Ethernet е преносен рачен GigE инструменти наменет за тестирање на параметрите на Ethernet сообраќајот на оптички или електричен интерфејс. Обезбедува тестови за дијагностика на кабли, генерира сообраќај на ниво 2 и ниво 3, како и RFC2544 (вклучувајќи асиметричен RFC2544), Multiple Streams и MPLS тестови.

симнете pdf
HST-3000

HST-3000

HST-3000 е пренослив, модуларен инструмент за тестирање на различни технологии во телекомуникациските мрежи до 1Gbps. Со модули за тестирање на Е1, Datacom и Ethernet врските, HST-3000 овозможува верификација на преносните линкови, како и целосна проверка на говорните, видео и податочните услуги. Покрај денешните стандардни Етернет тестови, како што се RFC2544, пинг, итн .., HST-3000 овозможува генерирање и анализа на сообраќај со различни шеми на енкапсулација како што се VLAN, VLAN Stacking (Q- во -Q) и MPLS.

симнете pdf
MTS-5800v2

MTS-5800v2

VIAVI MTS-5800 е најмалиот 10G рачен инструмент на пазарот кој поддржува тестирање во текот на целиот животен циклус на услугите, вклучувајќи инсталација, решавање на проблеми и одржување. Тој е наменет за теренските техничари кои мора да ги верифицираат мрежните конфигурации, вклучувајќи ја транспарентноста на мрежата, тунелирањето и Ethernet OAM дизајнот, како и обезбедување на договори за ниво на услуги на крајните корисници (SLA - service level agreement). MS-5800 обезбедува успешна транзиција на мобилниот пренос (backhaul) преку валидизација на новата Ethernet синхронизација (1588v2 и SyncE).

симнете pdf
MTS-6000A

MTS-6000A

MTS-6000A е компактна и лесна тест платформа наменета за сите фази на животниот циклус на мрежата, од инсталацијата до одржувањето на оптичките мрежи. Со модуларен дизајн, MTS-6000A нуди широко портфолио на тестни функционалности за Ethernet, SONET/SDH, FTTx, CWDM, и брзи 40Gbps мрежи.

симнете pdf
MTS-8000

MTS-8000

VIAVI MTS‐8000 е пренослива компактна мулти сервисна платформа која овозможува 10G тестирање и решавање на проблеми во SDH, Ethernet и NGN мрежни околини. MTS-6000A обезбедува портфолио на различни тестови, со поддршка на повеќе од 40 различни модули кои покриваат широк спектар на апликации. Со Мулти-Сервисен Апликациски Модул (MSAM - Multi Servise Aplication Module) MTS-6000A е доминантна платформа за инсталација и решавање на проблемите во преносните мрежи и системи, вклучувајќи ги Ethernet, SDH, PDH, NgN до 10G, и таа е подготвена да ги тестира специфичните карактеристики како Ethernet OAM, SamComplete, Y.1564, RFC6349 (TCP), IEEE1588 (PTP), SyncE, One Way Delay, Packet Capture/Decode, TCP, Triple Play, ...

симнете pdf
ONT-600

ONT-600

VIAVI Optical Network Tester - ONT платформата на JDSU е мултифункционално, мултипортно, и мулти-корисничко решение за брзо, флексибилно тестирање на средини на оптичка транспортна мрежа. Сите ONT модели ги адресираат оптичките и дигиталните потреби на тестирањето во фазата на истражување и развој (R&D), тестирање и верификација на системите (SVT - system verification testing), на производство, како и при решавање на проблемите. VIAVI нуди голем број на plug-in модули за инструменти за сите потребни функционалности за тестирање вклучувајќи пакетски-базирани услуги како Ethernet и FC мрежи (Fiber Channel), како и за транспортните сервиси како OTN и SDH/SONET и сето ова исто така во комбинација со мерење на Jitter/Wander карактеристиките.

симнете pdf
X