Fiberoptics

Оптичките мрежи со своите перформанси овозможуваат преносот на големи брзини со висок квалитет. Во последните 20 години се забележува брз развој во областа на оптички телекомуникациски, што доведе до намалувања во цените на активната и пасивната опрема. Заради ова оптичките мрежи наоѓаат примена од дата центрите преку пристапните мрежи, сѐ до транспортните мрежи. Со цел правилно инсталирање и одржување на оптичките мрежи неопходно е да имате квалитетни инструменти.

MTS-2000

MTS-2000

MTS-2000 е рачнa модуларна тест платформа за инсталација, turn-up и одржување на оптичката инфраструктура во Enterprise, Метро и FTTx/пристапните мрежи од типовите точка-до-точка или точка-повеќе точки (FTTx/PON).

симнете pdf
MTS-4000

MTS-4000

MTS-4000 е мала, компактна рачна тест платформа наменета за сите фази на животниот циклус на мрежата, од инсталацијата до одржување на пристапната/FTTx мрежи и triple-play услугите.

симнете pdf
MTS-6000

MTS-6000

MTS-6000A е најмалата и лесна тест платформа во светот наменета за сите фази на животниот циклус на мрежата која ги поддржува сите тестови кои се потребни за сертификација на оптичките влакна како OTDR модули со различна бранова должина и динамика до 50dB, CD (Chromatic Dispersion), PMD (Polarization Mode Dispersion), AP (Attenuation Profile), WDM (тестирање на DWDM канали) и други.

симнете pdf
MTS-8000

MTS-8000

MS-8000 е нај скалабилната тестна платформа во светот за имплементирање на мрежи со голема брзина од следната генерација (40G и 100G). Тоа е мулти-апликациска платформа со способности за тестирање на физичките, оптичките и транспортните/етернет можности.

симнете pdf
ONMSi

ONMSi

Мониторинг системот за оптички мрежи (ONMSi - Optical Network Monitoring System) ја зголемува продуктивноста на работната сила и го олеснува управувањето на оптичките мрежи со помалку техничари преку далечинско тестирање на влакната и точна документација на распоредот на влакната. Системот точно детектира и ја лоцира деградацијата на оптичките влакна, алармирајќи ги операторите и менаџерите со деталите на дефектите.

симнете pdf
SmartOTU

SmartOTU

SmartOTU е иновативно решение кое ги следи критична влакна во малите приватни мрежи. Може да се пушти во работа директно од пакувањето без потребни обука или ИТ конфигурација. Кога ќе се појави проблем на оптичките влакна, тој им сигнализира на корисниците во рок од неколку минути преку е-маил, преку СМС или преку SNMP протокол.

симнете pdf
70S

70S

70S сплајсерот е најновиот додаток во серијата на фузиони сплајсери на Fujikura и е специјално дизајниран за целосна автоматизација на процесот на спојување (splicing) и за најбрзи времиња на работа - само 6 сек. за спојување и 9 сек. за греење.

симнете pdf
22s

22s

22s сплајсерот е намене за потребите на напредни апликации во FTTx, Дата центри/LAN и пристапни мрежи. 22s нуди сплајсување на едно влакно со активно V-Groove (жлеб) усогласување на влакната за сигурни и подобрени перформанси на спојување за голем опсег на различни влакна; SMF, MMF, DSF, NZDSF.

симнете pdf
19s

19s

19s е комплетно робусен, фузионен сплајсер со фиксен V-Groove (жлеб) тип на порамнување, конзистентно обезбедува перформанси на спој со многу ниски загуби. Карактеристиката на „конфигурабилна автоматизација“ви овозможува да го прилагодите работењето на машината на начин кој најдобро ви одговара на вашите специфични техника и процес на спојување.

симнете pdf
12s

12s

Фузиониот сплајсер 12S на Fujikura е најмалиот, најлесниот и нај преносниот сплајсер во светот со многу добри перформанси и извонредна вредност за парите.

симнете pdf
Ribbon splicers

Ribbon splicers

Сплајсерот 70R на Fujikura е робусен фузионен сплајсер за јажиња со оптички влакна (до 12 влакна по јаже). Новиот дизајн ги поедноставува чекорите потребни за да се заврши спојувањето, што резултира со поголема продуктивност. Карактеристиките на „конфигурабилната автоматизација“, ќе ви овозможат да го прилагодите работењето на машината на начин кој најдобро ви одговара на вашите специфични техника и процес на спојување.

симнете pdf
X