CATV И ВИДЕО

Дистрибуцијата на Triple Play и дополнителните мултимедијални услуги, со користење на хибридна оптичко-коаксијална (HFC - hybrid optical‐coaxial) мрежа, бара високо поуздана и достапна мрежа во сите сегменти, особено во upstream делот. Затоа, употребата на соодветна опрема за тестирање и апликации е една од главните карики за подобрување на квалитетот на целиот систем, која ќе укаже на настани кои мора да се решат.

DSAM

DSAM

DSAM е мултифункционален инструмент кој овозможува валидација на целокупните triple play сервиси во кабелските мрежи. Овозможува мерење на forward и reverse Sweep, заедно со EuroDOCSIS верификација, вклучувајќи DOCSIS 3.0 тестирање на кабелските модеми, анализа на аналогните и дигиталните видео канали, тестирање на VoIP и на широкопојасни податочни услуги, како и други Triple Play сервиси во мрежите на кабелските оператори.

симнете pdf
ONX CATV

ONX CATV

OneExpert CATV е платформа за анализа на дигиталните и аналогните сигнали во HFC мрежите која секој техничар го прави експерт за проверка на ефикасноста на мрежата и решавањето на проблеми го прави поедноставно, побрзо и помоќно од кога било. Мулти-тач, user-friendly интерфејсот и OneCheck™ автоматските тестови ги олеснуваат сложените задачи со едноставна контролна табела со јасна pass/fail анализа.

симнете pdf
SmartID Advanced Coax Probes

SmartID Advanced Coax Probes

SmartID сондите работат со DSAM и ONX инструментите и ни овозможуваат да сеопфатно да ги тестираме домашните коаксијални мрежи за помалку од две минути.

симнете pdf
PathTrak RPM

PathTrak RPM

PathTrak™ е најнапредниот и најшироко распространетиот систем за континуиран мониторинг и анализа на RF перформансите на повратната патека на HFC мрежите на располагање денес. Мониторирајте го и решавајте ги проблемите на HFC upstream делот со истовремено следење на повратната патека, моментален приказ на спектарот на повратниот канал од HeadEnd-от и QAM поглед, апликации за паметни телефони, репорти за спектарот и состојбата на податочните сервиси, длабока анализа на пакети на DOCSIS носителот, проактивно известување за проблеми кои влијаат на претплатниците, и историја и трендови на перформансите на нодовите.

симнете pdf
VSE-1100

VSE-1100

VSE-1100 е пренослива алатка за мерење, вклучително и аналоген/дигитален спектар и MPEG видео анализа, како и проблеми со шумот и во повратниот појас на HFC мрежите. Овој инструмент може да се користи за верифицирање на изворите на проблемите со што се елиминира префрлањето на вината за проблемите меѓу headend и локациите на крајните корисници.

симнете pdf
VSA-RF100

VSA-RF100

VSA-RF100 пробата обезбедува RF анализа во директната насока во HFC мрежите вклучувајќи аналогни видео сигнали, MPEG, и DOCSIS. Пробата VSA-RF100 обезбедува далечински мониторинг, анализа и решавање на проблемите на терен, кај headend-от, и во центарот за мрежни операции (NOC – Network Operations Center), без одлагање и без трошоци за ангажирање на специјалист на физичката локација.

симнете pdf
MSQ Handheld QAM Signal Level Meter

MSQ Handheld QAM Signal Level Meter

MicroStealth QAM мерачот на ниво на сигнали е идеална алатка за инсталатерите и теренските техничари кои сакаат брзо да го проверат квалитетот на RF аналогните и дигиталните кабелски услуги.

симнете pdf
IPTV Video Monitoring Koncept

IPTV Video Monitoring Koncept

IneoQuest iVMS претставува мулти-димензионално решение за управување со видео квалитетот. Оваа платформа овозможува истовремено и континуирано следење и анализа на илјадници видео програми низ целиот ланец на испорака на линеарен видео сервис, овозможувајќи мулти-димензионален поглед на квалитетот на мрежата, односно на видео стримовите во реално време во рамките на една унифицирана табела. IneoQuest во својата понуда има широка лепеза на хардверски проби кои овозможуваат од крај-до-крај (end-to-end) следење на квалитетот на видео содржината и на стримовите.

симнете pdf
OTT Video Monitoring Koncept

OTT Video Monitoring Koncept

IneoQuest го има развиено првото вистинско од крај-до-крај решение за обезбедување на видео квалитетот и обезбедување на сервисот за Multiscreen, over-the-top (OTT) и TV Everywhere сервисите. Од суштинско значење за секој кој имплементира HTTP видео стриминг услуги или видео стриминг со прилагодлива брзина (ABR - Adaptive Bitrate Streaming), рентабилното, скалабилното решение на IneoQuest обезбедува, деловна интелигенција во реално време која што им треба на сервис провајдерите за да добијат видливост во нивните сервиси низ целата мрежа.

симнете pdf
X