БАКАР, DSL И 3PP

Операторите и сервис провајдерите (телекомуникациски, интернет-провајдери ...) им обезбедуваат на крајните корисници широк спектар на услуги со високи брзини на податоци, како на пример Triple Play услуги (податоци, видео, и VoIP). За овие услуги неопходно е пристапните мрежи да задоволат многу предизвици пред кои ги ставаат барањата на клиентите. Покрај тоа, различните медиуми за пренос (бакарни парици, оптички влакна ...) и имплементирани технологии (xDSL, FTTx ...) имаат свои предности и недостатоци и потребно е да се имаат соодветни инструменти со кои можат да се тестираат како преносниот медиум, така и самите услуги на него.

HST-3000

HST-3000

HST-3000 модуларната платформа е наменета за тестирање на телекомуникациски мрежи и услуги во пристапната мрежа и поддршка на мерење на бакарни парици (до 30 MHz) и технологии како што се ADSL1/2/2 +, VDSL1/2, G.SHDSL, Ethernet, Е1, Datacom, Vectoring, поврзување и TriplePlay услуги.

симнете pdf
OneExpert DSL

OneExpert DSL

OneExpert DSL им помага на техничарите на терен да ги поправат проблемите, при првото излегување. Multitouch екранот, user-friendly интерфејсот и OneCheck ™ автоматските тестови ги олеснуваат и најсложените задачи со јасни pass/fail резултати.

симнете pdf
SmartTPS

SmartTPS

Сѐ-во-едно алатка за инсталација на широкопојасни услуги, вклучувајќи ги и бакар, ADSL/VDSL, WiFi, коаксијални мрежи, оптички влакна, IP податоќни мрежи, VoIP и IP видео тестирање.

симнете pdf
X