EMF безбедност

Електричен смог е термин кој најчесто се користи за да се опишат сите вештачки генерирани електрични (E) и магнетни (H) полиња. Овие полиња се јавуваат секаде каде што е присутен напон или каде што тече струја. Сите видови на радио и ТВ предаватели емитираат електромагнетни полиња. Полиња, исто така, се создаваат и во индустријата, во компаниите и во домот; тие влијаат на нас, без ние нив да ги забележиме. Електромагнетни полиња, кои се очекува да ги надминат дозволените граници се појавуваат во следните сектори: предаватели за радио, телевизија и телекомуникации; радарски инсталации, индустриска опрема, како што се ерозија со искри, индуктивно греење, пластично заварување, микробранови апликации, обработка на алуминиум, медицинска опрема за дијатермија, електро хирургија, хипертермија, нуклеарна магнетна резонантна томографија.

EMF monitoring

EMF monitoring

Системот за мониторинг на електромагнетното зрачење, EMF, се состои од серија на EMF монитори инсталирани таму каде што присуството на EMF треба да се оценува постојано или во долг рок на набљудување. EMF мониторите ги чуваат на податоците и ги рапортираат нив со користење на конвенционална комуникацја преку мобилни податоци сетирани во интервали на време преку централната единица, на пример, PC или податочен сервер. Големината на системот може да се движи од една локација до покривање на целата земја. Narda EMF мониторите ги комбинираат сите карактеристики кои се од суштинско значење за оваа намена: автономија, употребливост на отворено, мобилност, робусност и ниски оперативни трошоци.

симнете pdf
SRM-3006

SRM-3006

Фреквенциски селективен рачен систем за мерење на јачината на полето за брза и сигурна проценка на безбедноста со пр. одделни снимања на каналите на мобилните комуникации на различни провајдери и евалуација на најлош случај преку декодирање на контролните сигнали на UMTS и LTE. SRM-3006 стана етаблиран како стандарден инструмент за овие задачи. Тој му овозможува на корисникот да прави автоматски проценки земајќи во предвид различни стандарди за човечка безбедност директно во апаратот, заедно со специфицирана целосната несигурност на мерењето, правејќи ги непотребни комплицираните пресметки склони на грешки.

симнете pdf
NBM-520/550

NBM-520/550

NBM-520/550 е дел од семејството на инструменти NBM-500. Тоа испорачува исклучително точни резултати за мерење на силата на електромагнетното поле. NBM-550 се справува со апликации од неколку херци преку долгите бранови и нагоре до високо фреквентната микробранова радијација со користење на избор на заменливи сонди за електрични и магнетни полиња

симнете pdf
EHP-50F

EHP-50F

Фреквенциски селективен FFT систем за мерење со висок динамички опсег за електрични и магнетни полиња од 1 Hz до 400 kHz. Сензорите во сите три просторни насокидаваат изотропски (isotropic) резултати за селективни и широкопојасни мерења.

симнете pdf
X