Stresstesting

Проверката на перформансите и сигурноста на сите протоколи и функции во некои случаи не е можно да го предвиди однесувањето во продукциската мрежа. Портфолиото на stresstesting решенија за реалистично и стресно тестирање, емулирање на различни мрежни уреди и протоколи и симулација на целокупната архитектура, помага во процесот на дизајнирање да се детектираат причините за проблемот, а со тоа и инсталацијата во продукциска средина да се изврши на едноставен и брз начин.

Spirent TestCenter

Spirent TestCenter

Spirent TestCenter е систем за симулација и тестирање на реална околина и влијанието врз квалитетот на услугата (QoS) и квалитетот на искуството (QoE) на корисниците. Spirent TestCenter е платформа со решение која, со вистински и реални симулации на мрежна инфраструктура, транспорт и услуги преку само една порта, создава вистинска тест околина за стрес-тестирање на телекомуникациска опрема, мрежи и системи, со цел да ги дефинира ефектите на различни видови на сообраќајот на QoS и QoE.

симнете pdf
Spirent Avalanche

Spirent Avalanche

Avalanche е најсеопфатен систем со фантастични можности на L4-L7 тестирање на перформансите/капацитетот денес на пазарот. Решението Avalanche™ на Spirent обезбедува тестирање на капацитетот, безбедноста и перформансите на мрежните инфраструктури, инфраструктурите на веб апликациите и triple play услугите со што обезбедувате соодветно ниво на квалитет на сервис (QoS) и квалитетот на искуството (QoE) за вашите клиенти.

симнете pdf
Spirent Landslide

Spirent Landslide

Landslide на Spirent е единствената тест платформа со која се симулираат модели на реалниот сообраќај, за целите на оценување на безжичните мрежи за пренос на податоци. Landslide е платформа која овозможува емулација на милиони мобилни претплатници кои имаат пристап до безжичната инфраструктура преку различни модели на пристап. Landslide ги емулира сите клучни елементи на безжичната мрежа на податоци, и ги комбинира симулациите за контрола и за податоци.

симнете pdf
X