Општа намена

Инструментите за општа намена се користат за тестирање на опрема и компоненти, како и за мерење на основните параметри, како што се напон, отпор, струја, моќност, фреквенција, време ... Инструментите вклучуваат напојување за општа намена, осцилоскопи, дигитални мултиметри, мерачи на фреквенција, LCR метри и многу други. Производите на Keysight со неколку децениска традиција се едни од најдобрите алатки на пазарот. Со цел да се обезбеди најдоброто можно мерење и тестирање Keysight секоја година исфрла нови инструменти.

Oscilloscope

Oscilloscope

Keysight е лидер во иновациите кај осцилоскопите, и се гордее со фактот што биле први во светот во многу работи поврзани со осцилоскопите вклучувајќи го и првиот осцилоскоп со мешани сигнали (MSO - Mixed Signal Oscilloscope). Нашите Infiniium осцилоскопи поседуваат најдлабока меморија во индустријата и најниско ниво на шум. Нашите осцилоскопи со капацитивен екран на допир (capacitive touch-screen), во комбинација со InfiniiScan Zone тригерирање на допир, се единствените осцилоскопи кои ви дозволуваат да тригерирате во областите од интерес со поминување со прст. Ова лидерство во иновациите се пренесува и низ нашите сонди и прибор со откритија како највисока чувствителност во индустријата, најголем динамички опсег на AC/DC струјните сонди кои можат да измерат струи толку мали, како 50μa.

симнете pdf
Handheld Test Tools

Handheld Test Tools

Веќе повеќе од 70 години, Keysight создава иновативни решенија за мерење. Во последниве години, ние ја применувавме нашата традиција на иновации во рачните алати за електрично и електронско тестирање. Денес, овие алатки се подготвени за условите во реалниот свет со кои се соочувате секој ден, и многу нудат уникатни функции како што се: - Јасно отчитување од OLED екрани со висок контраст - Проверки на континуитет со звучни и светлечки сигнали - Решавање на проблеми при недоволна осветленост со вградена ламба Ние сме секогаш во потрага по начини да ја поедноставиме вашата секојдневна работа. Како што продолжуваме да развиваме иновативни рачни уреди, може да почнете да се чувствувате дека е добро време да ги смените вашите очекувања за типот на уред кој ви е потребен.

симнете pdf
Power Solutions

Power Solutions

Бидејќи напојувањата се користат во таков широк спектар на апликации, Keysight технологии нуди цела линија на DC и AC напојувања за да ги задоволи вашите барања за тестирање. Нашето семејство започнува со основни напојувања со висока вредност и оди до производи со високи перформанси. Покрај тоа, ние имаме специјални напојување и три модуларни напојување за да ви ја дадеме потребната флексибилност која ви треба во развојот на системи за тестирање.

симнете pdf
Digital Multimeter

Digital Multimeter

Во нашиот широк спектар на DMM можете да најдете од рачни инструменти до инструменти за на маса, со карактеристики: 4 до8 ½ цифри, Новата DMM серија која е специјално сместена во односот на перформанси со цена, со која може да се постигне повеќе од очекуваното на повисоки брзини. Инструментите овозможуваат автоматско собирање на податоци и преносна мрежа.

симнете pdf
X