Business Transformation

Поедноставете го вашето работење и унапредете ги перформансите на ИТ услугите. Комплексноста и големината на ИТ инфраструктурата континуирано расте во претпријата и таа станува критична за испорака на нивните основни услуги. Подоброто управување со ИТ инфраструктурата, видливоста на деловните услуги и апликации и поефикасната и поефективна испорака на ИТ услугите се бара со цел да се обезбедат заштеди во трошоците за ИТ поддршката, побрзо решавање на барањата и зголемување на задоволството на клиентите.

Барања на пазарот

Барања на пазарот

Светот на бизнисот во кој живееме денес се менува побрзо од било кога. За да останат конкурентни, компаниите мора да бидат отворени за промени и истите ефикасно да ги имплементираат или ќе бидат претекнати од страна на конкурентите кои можат побрзо да се прилагодат на новите ...

Светот на бизнисот во кој живееме денес се менува побрзо од било кога. За да останат конкурентни, компаниите мора да бидат отворени за промени и истите ефикасно да ги имплементираат или ќе бидат претекнати од страна на конкурентите кои можат побрзо да се прилагодат на новите деловни потреби. Со цел да одговорат на постојаното менување на потребите на пазарот и да бидат чекор понапред од конкуренцијата, давателите на услуги мора да се трансформират, да ги намалат капиталните расходи на долг рок и да обезбедат основа за поефикасно и порентабилно работење. Поедноставувањето, усогласувањето, и фокусирањето кон купувачите се клучните нови елементи на деловната трансформацијата, но патот кон таквата трансформација мора да биде во согласност со важните деловни цели на секој провајдер.

прочитајте повеќе
Ние имаме решение

Ние имаме решение

Предложените решенија на Ибис Инструментс за деловна трансформација вклучуваат широк спектар на различни решенија, кои ви овозможуваат да ги усогласите луѓето, процесите и технолошките иницијативи на компанијата поблиску со нејзината бизнис стратегија и визија. Ова пак ви ...

Предложените решенија на Ибис Инструментс за деловна трансформација вклучуваат широк спектар на различни решенија, кои ви овозможуваат да ги усогласите луѓето, процесите и технолошките иницијативи на компанијата поблиску со нејзината бизнис стратегија и визија. Ова пак ви помага да се поддржат и да се иновираат нови бизнис стратегии кои претставуваат клучен двигател на деловната трансформација. Решенијата ќе обезбедат и поддржат критично ниво на иновација потребно за успешно да се натпреварувате на тешките пазари.

прочитајте повеќе
Enterprise Integrations and Business Process Management

Enterprise Integrations and Business Process Management

Високо ниво на флексибилност, автоматизација и континуирано подобрување

Понудата на Ибис Инструментс за интеграции во претпријатија (Enterprise Integrations) и менаџирање на деловни процеси (Business Process Management) ќе ѝ овозможи на вашата околина да биде динамична со висок степен на флексибилност и прилагодливост за да ги поддржи деловните потреби и ефикасните бизнис ...

Понудата на Ибис Инструментс за интеграции во претпријатија (Enterprise Integrations) и менаџирање на деловни процеси (Business Process Management) ќе ѝ овозможи на вашата околина да биде динамична со висок степен на флексибилност и прилагодливост за да ги поддржи деловните потреби и ефикасните бизнис процеси со цел да се поддржи побрзо време на испорачување до пазарот на производите и услугите. Нашата понуда правилно ќе ги поддржи деловните иновации со цел да се здобиете со конкурентска предност денешниот тежок пазар.

Enterprise Integrations решенијата ви овозможуваат да ги интегрирате податоците и апликациите низ целата компанија без оглед на платформата, протоколот или форматот на податоци. Преку негување на Service Oriented Architecture принципите, понудата на Ибис Инструментс за Enterprise Integrations интеграции ја намалува комплексноста на интегрирањето на апликациите и услугите, ја зголемува агилноста на вашиот бизнис и ги намалува трошоците со брзо и флексибилно решение за интеграција на апликациите со кое се елиминираат поврзувањата точка-до-точка (point-to-point) во рамките на ИТ инфраструктурата. Решението го овозможува развојот на нови можности за деловни услуги, без влијание на вашата постоечка ИТ околина и согласно на тоа ќе ви овозможи да се фокусирате на вашите основни деловни иницијативи, наместо на одржувањето на ИТ инфраструктурата.

Business Process Management решението ја подобрува видливоста и контролата на вашите деловни процеси и ги задоволува барањата на корисниците за конзистентност и квалитет. Понудата на Ибис Инструментс за Business Process Management овозможува автоматизација, оптимизација и континуирано подобрување на вашите деловни процеси. Решението ги разбива функционалните силоси во организацијата и ги прави вашите деловни процеси поефективни и поефикасни, со цел да се обезбеди побрзо време до вредност (time to value).

Одлуките се дел од секојдневните деловни операции и се случуваат во реално време, како што деловните интеракции се изведуваат. Тие ги контролираат следните чекори на деловниот процес или доведуваат до конечниот исход на самиот процес. Вклучувањето на деловните правила и автоматизацијата на одлуките во код на постоечки софтверски системи доведува до нивно отежнето одржување и адаптација, особено заради фактот што односот меѓу бизнис сегментите и ИТ секторите често вклучува недоразбирање и фрустрација. Понудата на Ибис Инструментс за Business Process Management овозможува високо ниво на агилност на имплементираните деловни процеси преку екстракција на деловните правила и логиката на донесување на одлуки од различни места каде што тие се моментално имплементирани во централизирана библиотека и нивна автоматизација. Деловните правила тогаш се на располагање на луѓето од бизнис секторите за промена и ажурирање во деловниот контекст, со цел ефикасно да се прилагодат на моменталните деловни потреби, без потреба за директно вклучување на ИТ секторот.

Business Process Management решението овозможува имплементација на голем број на различни деловни процеси во различни индустрии кои се поддржани од enterprise интеграциите и управувањето со деловните правила (business rules management). Процесот на управување со нарачки управуван од каталог (Catalog -driven Order Handling) претставува еден пример на комплексен деловен процес кој се извршува во рамките на повеќе различни деловни единици и системи во една компанија и кој целосно се имплементира преку Business Process Management решение и Enterprise Product Catalog.

прочитајте повеќе
Workforce management

Workforce management

Завршете повеќе работа со помалку

Поради фактот што теренската работна сила генерира значителни оперативни трошоци за сервисните организации и поради тоа што таа работа мора да ги поддржи деловните потреби што поефикасно и поефективно со цел да се подобри фокусот кон клиентите како клучен елемент на деловната ...

Поради фактот што теренската работна сила генерира значителни оперативни трошоци за сервисните организации и поради тоа што таа работа мора да ги поддржи деловните потреби што поефикасно и поефективно со цел да се подобри фокусот кон клиентите како клучен елемент на деловната трансформација, трансформацијата на процесите на теренски операции е неизбежна. Бидејќи работното време на теренските техничари не може да се зачува туку само подобро да се искористи, услужните организации од сите големини јасно ги разбираат предностите на оптимизираниот распоред на активностите на терен и мобилните комуникации во реално време. Понудата на Ибис Инструментс за WorkForce Management им овозможува на услужните организации драматично да ги намалат оперативните трошоци поврзани со работната сила на терен, со овозможување на нивните теренски операции да бидат попродуктивни, да извршат повеќе задачи со помалку теренски техничари. Решението ќе овозможи имплементација на процесите поврзани со теренската работа со јасна поделба на одговорности која е поддржана од страна на оперативните извештаи и аналитика со цел јасно да се разберат теренските активности и да се овозможи јасна поддршка за различни програми за наградување на теренските техничари.

прочитајте повеќе
Enterprise Asset Management

Enterprise Asset Management

Разбере што имате и потполно искористете го

Подобрете ја видливоста и контролата врз вашите критични средства со цел да добиете максимална продуктивност од средствата и да ги минимизирате трошоците на работење и одржување, бидејќи средствата претставуваат значаен дел од оперативните трошоци во компании фокусирани на ...

Подобрете ја видливоста и контролата врз вашите критични средства со цел да добиете максимална продуктивност од средствата и да ги минимизирате трошоците на работење и одржување, бидејќи средствата претставуваат значаен дел од оперативните трошоци во компании фокусирани на средствата (asset–centric companies).

Ибис Инструментс понудата за Enterprise Asset Management обезбедува комплетен менаџмент на животниот циклус на средствата. Со ефикасно управување на целиот животен циклус на вашите средства, бие сте во можност да ги контролирате сите аспекти, да се здобиете со контрола над оперативните трошоци и правилно да управувате со фазите на планирање и аквизиција што им овозможува на компаниите да одговорат поефикасно на клучните предизвици.

прочитајте повеќе
Resource & Service Inventory

Resource & Service Inventory

Разбере ги вашата инфраструктура и услуги и направете клучна поддршка за вашите oss алатки

За повеќето провајдери на комуникациски сервиси „Inventory “ решението лежи во срцето на нивните OSS системи (OSS - Operations Support Systems –системи за поддршка на операциите). Со цел провајдерите на услугите да ги реализираат нивните услуги ефикасно, видливоста на мрежните ресурси и сервиси е ...

За повеќето провајдери на комуникациски сервиси „Inventory “ решението лежи во срцето на нивните OSS системи (OSS - Operations Support Systems –системи за поддршка на операциите). Со цел провајдерите на услугите да ги реализираат нивните услуги ефикасно, видливоста на мрежните ресурси и сервиси е критична. Деловните процеси се зависни од интегритетот и точноста на податоците, а пристапот до податоците во реално време е клучен за „zero-touch service delivery“ (испорака на услуги со нула допир), за „service assurance“ активностите и е многу важен за „ self-service “ управување со средствата и операции. Доцнењата, незадоволствата на клиентите и изгубените приходи се реални можности кога овие податоци ќе станат компромитирани.

Понудата на Ибис Инструментс за „ Service and Resource Inventory Management“ обезбедува јасни деловни операции на вашиот бизнис. Преку обезбедување на високо флексибилни „Inventory Management“ функционалности, адаптабилност во склад со променливите и конвергентните мрежни технологии, ова решение ги адресира тековните и идните потреби на пазарот на провајдери на телекомуникациски сервиси. Решението овозможува менаџирање на интегритетот на мрежата преку точна презентација на мрежата од крај до крај (end-to-end) и разбирање на влијанието врз корисничките сервиси во реално време.

прочитајте повеќе
Провизионирање и Активација

Провизионирање и Активација

Обезбедете им на вашите клиенти нови услуги на брз и ефикасен начин

Поради фактот што комплексноста и големината на инфраструктурата е постојано расте, како што расте и бројот на клиенти и бројот на конкуренти кои обезбедуваат на исти или слични услуги, провајдерите на ИКТ услуги мораат да овозможат нивните околини да бидат пофлексибилни и ...

Поради фактот што комплексноста и големината на инфраструктурата е постојано расте, како што расте и бројот на клиенти и бројот на конкуренти кои обезбедуваат на исти или слични услуги, провајдерите на ИКТ услуги мораат да овозможат нивните околини да бидат пофлексибилни и нивните операции да бидат поефикасни, со цел да се обезбеди активирање на услугите што е можно побрзо со минимизирана потрошувачката на ресурси и со тоа и на оперативните трошоци. Ова е причината зошто имплементацијата на решенија кои обезбедуваат целосна автоматизација на процесот на провизионирање (service fulfillment) е неизбежна, со цел да им овозможи испорака на услуги „со нула допир“ (Zero Touch Deployment) со цел да се минимизира времето од нарачката-до-клиент (Order-to-Cash time).

Понудата на Ибис Инструментс за Провизионирање и Активација ќе им овозможи на провајдерите на ИКТ услуги да имплементираат „Zero Touch провизионирање на сервиси“ и сходно на тоа ќе ја минимизираат потрошувачката на ресурси и оперативните трошоци со тоа што се бара минимално или никакво вклучување на регуларните ресурси за секојдневна оперативна. Овој систем овозможува автоматизација од-крај-до-крај и моќно процесирање кои ви овозможуваат услугите да бидат активирани веднаш, дури и додека корисникот е сеуште на линија. Автоматизацијата и провизионирањето без грешка (error-free provisioning) исто така осигуруваат дека клиентите добиваат услуги во рамките на договорените временски рамки, и сходно на ова му овозможи на операторот да се издвои од конкуренцијата со подобар квалитет за крајниот корисник, и со намалување на трошоците за грижа на клиентите.

прочитајте повеќе
Customer Relationship Management

Customer Relationship Management

Обезбедувајте исклучителна услуга и осигурајте ја лојалноста на клиентите

За секоја организација која има интеракција со корисници крајни клиенти, управувањето со информациите за клиентите е критичен процес за ефикасна поддршка на главните активности. Специјално, за комерцијалните организации кои се пазарно ориентирани, успешното управување со ...

За секоја организација која има интеракција со корисници крајни клиенти, управувањето со информациите за клиентите е критичен процес за ефикасна поддршка на главните активности. Специјално, за комерцијалните организации кои се пазарно ориентирани, успешното управување со критичните информации за клиентите се рефлектира директно на продажбата и на приходите. Консолидацијата на информациите за клиентите во рамките на еден систем има голема вредност за сите сегменти на компаниите кои се заинтересирани директно за информациите за купувачите, или пак преку другите информации за клиентите преку понапредни методи на попаметна анализа.

Ибис Инструментс нуди CRM решение кое им овозможува на организациите да создадат извонредни бази за односи со клиентите со најиновативното, флексибилно и достапно CRM решение на пазарот. Решението уникатно го става клиентот во центарот на деловните решенија на компанијата – помагајќи на компаниите да го трансформираат корисничкото искуство на клиентите и да им овозможат високо персонализирани интеракции кои обезбедуваат совршено корисничко искуство на клиентите и ја обезбедуваат нивната лојалнос во текот на целиот животен циклус на клиентите.

CRM обезбедува целосно трансформирано персонализирано корисничко искуство кое е интуитивно, сеопфатно и привлечно. Решение ги спојува јасната едноставност, мобилност и социјалните аспекти на потрошувачите апликации со оптимизацијата на деловниот процес на конвенционалните CRM решенија. Препознаен е од страна на водечките компании за анализа на пазарот како CRM визионер и иноватор.

прочитајте повеќе

Зошто Ибис Инструментс?

Знаење

Знаење

  • Искусни консултанти, кои можат да ви помогнат во дефинирањето на вашата стратегија за трансформација на вашиот бизнис.
  • Високо квалификувани експертски тимови способни да дизајнираат, имплементираат и да прилагодат и да одржуваат решенија прилагодени за големи компании кои ќе ви помогнат да го трансформирате вашиот бизнис ефикасно и ефективно.
  • Сертифицирани експерти со релевантни сертификати од производителите и од индустијата.
Искуство

Искуство

  • Повеќе од 10 години искуство во имплементирање на решенија кои ја помагаат стратегијата на трансформирање на бизнисот.
  • Ние имаме имплементирано решенија поврзани со трансформацијта на биснисите (Business Transformation) во најсложените околини.
  • Ние имаме познавања од релевантните стандарди и за најдобрите практики (best practice) кои заедно со нашето искуство во индустријата обезбедува најдобар спој за успешно завршување на ваквите проекти.
Доверливост

Доверливост

  • Ние сме долгорочни партнери со водечките производители во Business Transformation сферата.
  • Ние имаме тим за техничка поддршка на располагање 24/7 кој е достапен да одговори на било кое барање.
  • Ние градиме стратешко партнерство со нашите клиенти помагајќи им максимално да ги искористат имплементираните решенија и да добијат мерливи деловни придобивки.

ВЕРУВАЈТЕ ИМ НА ОНИЕ КОИ ГО ПРОБАЛЕ НАШИОТ ПРИСТАП

Успешни приказни

Голем Tier 1 провајдер го има имплементирано нашето решение за интеграција на компанијата (enterprise integrations) и Провизионирање и Активација со цел да ја подобри флексибилноста на ИТ околината и да постане по агилна, со цел ефикасно да одговори на трендовите и потребите на пазарот. Имплементираното генеричко решение за провизионирање му овозможува на провајдерот на услуги да го намали времето нарачката-до-клиент (Order-to-Cash) и исто така, обезбедува генерички пристап кој ги минимизира трошоците на одржување и оперативните трошоци за идните модификации и проширувања на процесите. Процесот на провизионирање се базира на шаблони и го разградува барањето за провизионирање во голем број на команди кои ќе бидат извршени на основните платформи во одреден редослед со адекватна поддршка за справување со грешки на располагање. Решението поддржува извршување на серии на провизионирање (batch provisioning) што обично се користи за обезбедување процеси со голем обем како што се: надградување на брзината на интернет пристапот, промена на пакетите, пренесување во други позивни групи, итн ...

Клучните бизнис вредности кои ова решение ги идентификува и овозможува се следните:

1. Генерички пристап кон процесот на провизионирање, се минимизираат ефектите од промените на процесот и од екстензиите и се добива контрола врз активностите на провизионирање
2. Минимизирање на искористувањето на ресурсите, а со тоа и на оперативните трошоци со имплементација на пристап кон провизионирање на услугите со нула допир (Zero-touch service provisioning).

X
X