Big data и аналитика

Ние го трансформираме „хаосот“ на податоци во ваш корпоративен успех. Со подобро искористување на податоците со користење на напредните аналитички можности на решенијата на Ибис Инструментс, вашата организација ќе биде во можност да добие подлабоко разбирање на работата, посигурен и подобар процес на донесување на одлуки и побрза реакција во реално време

Барања на пазарот

Барања на пазарот

Деншното водење на бизнис се соочува со различни предизвици, како што е потребата да се разберат подобро нашите клиенти, да се подобри нивното корисничко искуството, да се намали одливот на клиенти, борбата против измамите, намалување на ризиците, оптимизирање на производствените ...

Деншното водење на бизнис се соочува со различни предизвици, како што е потребата да се разберат подобро нашите клиенти, да се подобри нивното корисничко искуството, да се намали одливот на клиенти, борбата против измамите, намалување на ризиците, оптимизирање на производствените процеси, да се намалат трошоците и да ги откриеме скриените можности. Од друга страна, ние се соочуваме со експлозија на податоци генерирани од различни извори, кои евентуално можат да ни помогнат да одговориме на овие бизнис барања, но во повеќето случаи тие податоци е неискористени или да ни даваат ограничени резултати заради ограничувањата на стандардните алатки за обработка на податоци. Ибис Инструментс ви го претставува своето Big Data портфолио како решение кое ќе ви помогне да одговорите на деловните предизвици.

прочитајте повеќе
Ние имаме решение

Ние имаме решение

Big Data и Analytics семејствата на решенија на Ибис Инструментс ја трансформира аналитиката и овозможува нови видови на увид кои им овозможуваат на организациите и на индустриите да постигнат многу повеќе од што било кој мислел дека е можно дури и пред само неколку години. Ниедна одлука ...

Big Data и Analytics семејствата на решенија на Ибис Инструментс ја трансформира аналитиката и овозможува нови видови на увид кои им овозможуваат на организациите и на индустриите да постигнат многу повеќе од што било кој мислел дека е можно дури и пред само неколку години. Ниедна одлука не е оставена на случајноста. Сите во рамките на една организација можат да ги прошири своите видици, да идентификува нови можности и да дејствува побрзо со примена на аналитиката. Ибис Инструментс со своето Big Data и Analytics портфолио ѝ овозможува на вашата организација да го претвори побрзиот увид во податоците во побрза акција со неспоредливи анализаторски способности на основа на податоци на кои можете да им верувате. Ибис Инструментс ви помага лесно да се прилагодите на денешните хибридни извори на податоци – структурирани, полуструктурирани и неорганизирани, во мирување и во движење, ваши локални, од клауд и од хибридни средини (on premises, on cloud & in mixed environments) и да го освежите вашиот бизнис со брза иновација. Вашата организација ќе биде во можност да ги претвори вашите податоци во подлабок увид во ситуацијата, да донесува посигурни одлуки и побрзо, да прави навремени активности, со огромните аналитички можности на решенијата на Ибис Инструментс. Со проширените аналитички можности, ќе можете да разберете што се случува, што ќе се случи и што би требало да се случи. Лесно ќе можете да ги ангажирате и бизнис и техничките корисници за да откријат нови можности и да детектираат и решат големи потенцијални проблеми. Операционализирајте ја аналитиката во деловните процеси.

прочитајте повеќе
Business Intelligence и напредна аналитика

Business Intelligence и напредна аналитика

ЗАБРЗАЈТЕ ГО ВАШИОТ РАСТ ПРЕКУ ДЛАБОКО РАЗБИРАЊЕ НА ВАШИОТ БИЗНИС

Деловната интелигенција (Business intelligence - BI) и напредната аналитика обезбедува извлекување на увид од податоците - за да се идентификуваат ризикот и да капитализирате од новите можности. Здобијте се со длабоко разбирање на вашиот бизнис со извештаи, контролни табели (dashboards), ...

Деловната интелигенција (Business intelligence - BI) и напредната аналитика обезбедува извлекување на увид од податоците - за да се идентификуваат ризикот и да капитализирате од новите можности. Здобијте се со длабоко разбирање на вашиот бизнис со извештаи, контролни табели (dashboards), визуализации и анализа на информациите. Ибис Инструментс нуди водечки BI алатки за компаниите, кои се достапни на клауд или во рамките на вашата инфраструктура (on premises), поставувајќи ја целата ваша организација околу доверливи податоци што овозможува агилност за да се забрза вашиот развој.

прочитајте повеќе
Технологија на масивно паралелно процесирање

Технологија на масивно паралелно процесирање

ОТКЛУЧЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Технологијата на масивно паралелно процесирање (Massively Parallel Processing - MPP), ја менува играта кај уредите за складирање на податоци (data warehouse). Дизајнирана е да ви помогне да го отклучите вистинскиот потенцијал на податоците, предноста на MPP апликацијата во перформансите во однос на ...

Технологијата на масивно паралелно процесирање (Massively Parallel Processing - MPP), ја менува играта кај уредите за складирање на податоци (data warehouse). Дизајнирана е да ви помогне да го отклучите вистинскиот потенцијал на податоците, предноста на MPP апликацијата во перформансите во однос на традиционалните пристапи доаѓа од нејзиното масивно паралелно процесирање во својата архитектура која ги комбинира блејд (blade) серверите и складирање на дискови со филтрирање на податоците со користење на FPGA, низи со порти со програмабилни полиња (FPGA - Field Programmable Gate Arrays). Оваа комбинација овозможува многу брзи перформанси при пребарување во аналитичките процеси со поддршка на илјадници корисници на апликации за деловна интелигенција (BI), софистицирана аналитика со брзина на мислата, и скалабилност на петабајти (petabyte scalability).

MPP технологијата испорачува високи перформанси автоматски, без потребно индексирање или нагодување. Како комплетен систем на апликација, сите интеграции на хардвер, софтвер и складирање (storage) е направено за вас, што доведува до пократки циклуси на имплементација и најдобро време во индустријата за време до корисност (time to value) за BI и аналитички иницијативи. Апликацијата се испорачува подготвена за работа за што овозможува моментално вчитување на податоци и извршување на пребарувањата и моментално се интегрира со водечките ETL, BI и аналитички апликации преку стандарден ODBC, JDBC и OLE DB интерфејс. MPP апликацијата драматично ја поедноставува аналитиката со консолидирање на сите аналитички активности на едно место, токму онаму каде што престојуваат податоците. Ибис Инструментс ви нуди прилагодени решенија за различни индустрии базирани на MPP технологијата и им помага на организациите да одговорат на предизвиците и да ги постигнат своите цели.

прочитајте повеќе
Hadoop

Hadoop

ЧУВАЊЕ И ПРОЦЕСИРАЊЕ БЕЗ ГРАНИЦИ

Hadoop технологијата овозможува дистрибуирано процесирање на големи сетови на податоци преку кластери од обични сервери. Таа е дизајнирана за да се скаира од еден сервер до илјадници машини, со многу висок степен на толеранција на грешка. Hadoop технологијата ви овозможува да чувате и ...

Hadoop технологијата овозможува дистрибуирано процесирање на големи сетови на податоци преку кластери од обични сервери. Таа е дизајнирана за да се скаира од еден сервер до илјадници машини, со многу висок степен на толеранција на грешка. Hadoop технологијата ви овозможува да чувате и процесирате, на економичен начин, неструктурирани или полу-структурирани податоци од различни извори: веб-клик стримови, социјални медиуми, серверски логови, уреди и сензори, и многу повеќе... Ова ви овозможува да анализирате нови сетови на податоци, и да добиете увид и заклучоци, и да откриете нови бизнис можности за да ја водите вашата организација напред.

Ибис Инструментс е водечки Hadoop интегратор во регионот, кој е фокусирн на промовирање и унапредување на Apache Hadoop за компаниите и создавање на специјализирани решенија базирани на оваа технологија. Hadoop е главна компонента во нашите решенија за складирање на податоци, управување со перформансите на мрежата, управување со ризик, превенција на одлевање на клиенти, откривање на измами, анализа на задоволството на клиентите, аналитика на социјалните медиуми, итн...

прочитајте повеќе
Напредно пребарување на податоци

Напредно пребарување на податоци

ЦЕЛАТА КОМПАНИЈА НА ЕДЕН ПРИКАЗ

Решенијата за пребарување на податоци комбинираат содржини и податоци од многу различни системи во рамките на претпријатието и ги доставуваат до корисниците во еден приказ, драстично намалувајќи го износот на времето поминато во потрага по информации и зголемувајќи ја нивната ...

Решенијата за пребарување на податоци комбинираат содржини и податоци од многу различни системи во рамките на претпријатието и ги доставуваат до корисниците во еден приказ, драстично намалувајќи го износот на времето поминато во потрага по информации и зголемувајќи ја нивната способност да работат попаметно. Нашата апликација за 360 степени увид во информациите ги доставува податоците, аналитиките и когнитивен увид во релевантен со контекстот на корисникот и сите тековни активности.

прочитајте повеќе
Streaming processing – аналитика во реално време

Streaming processing – аналитика во реално време

СКЛАДИРАЈТЕ ПОМАЛКУ, АНАЛИЗИРАЈТЕ ПОВЕЌЕ, ОДЛУЧУВАЈТЕ ПОДОБРО И ПОБРЗО

Обработката на стримови со податоци (Streaming processing) им овозможува на организациите да обработуваат непрекинати протоци, стримови, на податоци кои се секогаш вклучени и никогаш не престануваат. Streaming обработката им помага на организациите да воочат нови можности и ризици низ сите ...

Обработката на стримови со податоци (Streaming processing) им овозможува на организациите да обработуваат непрекинати протоци, стримови, на податоци кои се секогаш вклучени и никогаш не престануваат. Streaming обработката им помага на организациите да воочат нови можности и ризици низ сите податоци во реално време. Streaming решенијата на Ибис Инструментс вклучуваат комплетни стриминг решенија, кои во континуитет ги анализираат податоците и се поврзуваат со сите извори на податоци. Нашите решенија за обработка на стримови нудат комплетни решенија со развојна околина, runtime и аналитички алатки, како што се обработка на природни јазици, препознавање на слика/глас и просторно временска анализа. Решенијата ефикасно испорачуваат аналитичка обработка во реално време на постојано променливите податоци во движење и овозможуваат дескриптивна и предиктивна аналитика за поддршка на одлуки во реално време. Фатете ја и анализирајте ги сите податоци, цело време, точно на време. Со streem computing, складирајте помалку, анализирајте повеќе и донесувајте подобри одлуки побрзо.

прочитајте повеќе
Предиктивна анализа

Предиктивна анализа

ЦЕЛАТА МОЌ Е ВО ВАШИТЕ РАЦЕ

Предиктивната аналитика ги поврзува способностите на напредна анализа која ја опфаќа ад-хок статистичката анализа, предиктивното моделирање, data mining, текстуална аналитика, аналитика на ентитетот, оптимизација, проценување во реално време (real-time scoring), машинско учење (machine learning) и ...

Предиктивната аналитика ги поврзува способностите на напредна анализа која ја опфаќа ад-хок статистичката анализа, предиктивното моделирање, data mining, текстуална аналитика, аналитика на ентитетот, оптимизација, проценување во реално време (real-time scoring), машинско учење (machine learning) и многу други методи и ги става овие способности во рацете на бизнис корисниците, научниците за податоци (data scientists), и програмерите. Предиктивната аналитика исто така, може да ви помогне да ги предвидите и да ги избегнете испадите во инфраструктурата и услугите и да ги намалите оперативните трошоци.

прочитајте повеќе
Оптимизација и гео-локација

Оптимизација и гео-локација

ПОСТИГНЕТЕ И ОДРЖИТЕ МАКСИМАЛНА ПОКРИЕНОСТ, КАПАЦИТЕТ И КВАЛИТЕТ

Понудата на Ибис Инструментс ги обезбедува најдобрите можни, робусни и сигурни решенија, вклучувајќи оптимизација на листа на соседи, оптимизација на параметрите, фреквентното планирање, автоматско планирање на ќелиите, и многу повеќе. Нашите решенија за РАН (RAN – Radio Access Network – ...

Понудата на Ибис Инструментс ги обезбедува најдобрите можни, робусни и сигурни решенија, вклучувајќи оптимизација на листа на соседи, оптимизација на параметрите, фреквентното планирање, автоматско планирање на ќелиите, и многу повеќе. Нашите решенија за РАН (RAN – Radio Access Network – Радио Мрежа) оптимизација им овозможуваат на провајдерите на услуги да постигнат и да одржат врвна покриеност, капацитет и квалитет. Напредни карактеристики, како што се автоматско прибирање на податоци, гео локациски збогатени анализи, како и автоматска оптимизација базирана на претплатниците испорачуваат уникатни подобрувања и на работата на инженеринг секторите и на квалитетот на мрежата. Нашата професионална, enterprise grade, клиент-сервер архитектура обезбедува скалабилно собирање на податоци, процесирање, складирање, и испорачува со комплетно опремена, богата клиентска апликација која им овозможува на инженерите и нивните менаџери лесно да ги вршат потребните оптимизации и аналитички задачи во високо респонсивна околина.

прочитајте повеќе
Конвергентна медијација

Конвергентна медијација

СПРАВУВАЊЕ СО СИЛОС БАЗИРАНА АРХИТЕКТУРА

Секој ја мрази силос-базираната архитектура, нели? Понудата на Ибис Инструментс вклучува Comptel решение, кое се бори со вкупните трошоци на работа (TCO – Total Cost of Ownership) неефикасноста и високите CAPEX и OPEX трошоци со отстранување на силос-базираната архитектура составена од повеќе офлајн ...

Секој ја мрази силос-базираната архитектура, нели? Понудата на Ибис Инструментс вклучува Comptel решение, кое се бори со вкупните трошоци на работа (TCO – Total Cost of Ownership) неефикасноста и високите CAPEX и OPEX трошоци со отстранување на силос-базираната архитектура составена од повеќе офлајн и онлајн медијациски софтвери. Овие системи можат да работат во различни организациски и продукциски линии: од една страна тие можат да се грижи за на пр. офлајн xDR обработката во ИТ секторот и од друга страна да ги процесираат онлајн евентите за тарифирање на податоци во соодветен мрежен сектор. Централизираниот медијациски слој на Comptel ја решава потребата за конвергирана архитектура: покрај прибирањето на XDR и онлајн двонасочниот проток на сообраќајот, тоа може да се користи и како флексибилен слој за интеграција на податоците во мулти вендорските OSS/BSS трансформации.

прочитајте повеќе
Customer Experience Management

Customer Experience Management

МАКСИМИЗИРАЈТЕ ГО ЗАДОВОЛСТВОТО НА СЕКОЈ ВАШ ПОЕДИНЕЧЕН КЛИЕНТ

Во услови на високо конкурентен пазар, како што го имаме денес, кое е следено од ерата на експлозија на податоци во тандем со зголемување на бројот на паметни комуникациски уреди, постои тренд и потреба мобилните оператори за да ги фокусираат нивните активности и деловни процеси ...

Во услови на високо конкурентен пазар, како што го имаме денес, кое е следено од ерата на експлозија на податоци во тандем со зголемување на бројот на паметни комуникациски уреди, постои тренд и потреба мобилните оператори за да ги фокусираат нивните активности и деловни процеси кон потребите и задоволството на поединечните клиенти. Ваквиот пристап бара моќно решение за управување со искуството на клиентите, Customer Experience Management solution (CEM), кое ќе биде во можност да обезбеди увид на мобилните оператори првенствено во корисничкото искуство, но исто така и да даде и увид во перформансите на мрежата, перформансите на уредите и во перформансите на целокупната услуга. Ние нудиме решение што обезбедува видливост скоро во реално време и мерење на тоа како индивидуалните клиенти ги користат и какво е нивното искуство со вашите мобилни услуги. Со увид во искуството, ќе можете брзо да ги дијагностицирате и решите проблемите на клиентите поврзани со апликациите, уредите и мрежите, како и да го подобрите менаџирањето со клиентите. Со увид во употребата можете да разбере што ги интересира вашите клиенти и да создадете и да ги таргетирате вашите нови понуди и така да ги зголемите просечните приходи по корисник.

прочитајте повеќе
Специјализирани решенија

Специјализирани решенија

БЕЗ ОГЛЕД НА ПРЕДИЗВИКОТ, НИЕ ИМАМЕ РЕШЕНИЕ

Ибис Инструментс создава специјализирани прилагодени решенија, базирани на напредна Big Data технологија, за да им помогне на организациите да одговорат на специфичните предизвици во различните индустрии.

Ибис Инструментс создава специјализирани прилагодени решенија, базирани на напредна Big Data технологија, за да им помогне на организациите да одговорат на специфичните предизвици во различните индустрии.

Internet of Things

Internet of Things

ИДНИНАТА Е ТУКА. ДАЛИ СТЕ СПРЕМНИ?

Ибис Инструментс нуди клауд-базирана платформа за интернет на работите, Internet of Things (IoT) со претходно конфигурирани решенија кои адресираат вообичаени Internet of Things сценарија, така што ќе можете да ги ги опфатите и да ги анализирате неискористените податоци за да го трансформирате ...

Ибис Инструментс нуди клауд-базирана платформа за интернет на работите, Internet of Things (IoT) со претходно конфигурирани решенија кои адресираат вообичаени Internet of Things сценарија, така што ќе можете да ги ги опфатите и да ги анализирате неискористените податоци за да го трансформирате вашиот бизнис.

прочитајте повеќе

Зошто Ибис Инструментс?

Знаење

Знаење

  • Искусни консултанти, кои можат да ви помогнат во дефинирањето на вашата ITSM стратегија.
  • Високо квалификувани експертски тимови способни да дизајнираат, имплементираат, да прилагодат и да одржуваат Big Data и аналитички решенија.
  • Ибис Инструментс експертите имаат длабоко познавање на Big Data технологијата, како и знаење од индустријата.
  • Сертифицирани експерти со релевантни сертификати од производителите и од индустијата.
Доверливост

Доверливост

  • Ние сме долгорочни партнери со водечките Big Data производители.
  • Ние имаме тим за техничка поддршка на располагање 24/7 кој е достапен да одговори на било кое барање.
  • Ние градиме стратешко партнерство со нашите клиенти помагајќи им максимално да ги искористат имплементираните решенија.
Искуство

Искуство

  • Имаме искусни експертски тим со докажани вештини во успешно испорачани Big Data проекти во регионот.
  • Имаме искуство во креирање на прилагодени решенија базирани на Big Data технологија.
  • Ние имаме препораки за најдобрите практики (best practice) за имплементација на Big Data решенијата базирани на нашето лично искуство.

ВЕРУВАЈТЕ ИМ НА ОНИЕ КОИ ГО ПРОБАЛЕ НАШИОТ ПРИСТАП

Успешни приказни

Голем Tier 1 провајдер ја користи BigData платформата на Ибис Инструментс прилагодена на околината на провајдерите на ИКТ услуги за да го подобри квалитетот на услугите, да ја оптимизира својата мрежа, да го намали времето на недостапност на услугите и да ги намали трошоците и да го подобри задоволството на клиентите.

Со ова решение тие воведоа иновативен модел на аналитички управувани мрежни операции што им овозможи ефикасно пратење од крај-до-крај на перформансите на нивната мрежа, вклучувајќи ја целата корисничка опрема. Решението обезбедува напредна анализа на изворот на проблемите (root cause) во реално време за проблемите предизвикани во нивната хибридна оптички коаксијална (HFC – hybrid fiber coaxial) мрежа и корелација со проблемите на клиентите. Со својата напредна анализа и способности за известување, решението помага во оптимизацијата на мрежата и со анализата во реално време компанијата ги трансформира нивните операции од реактивен во проактивен пристап. Решението донесе придобивки за целата организација:

  • Центарот на Мрежни операции - Проактивно обезбедување на услугата (service assurance)
  • Теренските операции - Прецизна RCA, Побрзо решавање на проблемите
  • Грижа за корисници - Подобрени FCR

X
X
X

Use case-ови за различни индустрии:

Телекомуникации:

  • Про-активен call центар
  • Попаметни кампањи
  • Мрежна аналитика
  • Услуги базирани на локација
  • Медијација, билинг и обезбедување на приходите во реално време
  • Предвидување и превенција на одлевање на претплатници во реално време
  • Откривање на измама во реално време
  • Промоции зависни од контекстот во реално време
  • Мониторинг на мрежната опрема, и телефонскиот сообраќај во реално време
  • Управување со перформансите

Банкарството:

  • Оптимизирани понуди и вкрстена продажба
  • Зголемување на ефикасноста и решавање проблеми во контакт центарот
  • Откривање и истрага на измама за плаќање
  • Управување со кредитниот ризик од договорните страна

Осигурување:

  • Откривање на измама на побарувања
  • Следната најдобра акција и задржување на клиенти
  • Моделирање на ризик од катастрофа
  • Осигурување базирано на користење
  • Менаџирање на портфолио
  • Оптимизација на производители

Енергија и комунални услуги:

  • Прогнозирање и планирање на оптоварувањето на дистрибуцијата
  • Креирање таргетирани клиентски понуди
  • Одржување зависно од состојбата
  • Овозможување на управување со енергијата на клиентите
  • Аналитика на паметни мерачи (smart meters)

Нафта и гас:

  • Напредно следење на состојбата
  • Надзор и оптимизација на дупчењето
  • Надзор и оптимизација на производството

Влада

  • Предвидување и превенција на закани
  • Измами, загуби и грешки на социјалните програми
  • Даночна усогласеност - измама и злоупотреба
  • Предвидување и превенција на криминал