За нас

Имаме визија, имаме знаење, имаме начин


ГРАДИМЕ УСПЕХ - СО ВАС, ЗА ВАС

Во Ибис Инструментс ја ставаме нашата експертиза во функција на вашиот деловен успех. Во време на брзи промени во технологијата и високи стандарди на комуникациските системи ние ја користиме моќта на нашето знаење, искуство и посветеност за постигнување на највисоко ниво на технолошки развој, со цел да ги конвертирате нив во функционални решенија за сите ваши потреби. Преку обезбедување на максимална продуктивност со најефикасните методи и најпрофитабилните решенија, ние ви помагаме да станете лидери или да ја зачувате лидерскате позиција, за да бидете сигурни во квалитетот на услугата што ќе ја обезбедувате на вашите клиенти, како и она што е најважно, да ги направите среќни и задоволни.


ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ - ТОА СМЕ НИЕ

ИБИС ИНСТРУМЕНТС е приватна компанија основана во 1996 година, и од тогаш има постојан раст и успех. Повеќе од 20 години во бизнисот, Ibis има цел да ја исполни зголемената побарувачка за конкурентни производи и системи погодни за ефикасно следење и управување со телекомуникациските мрежи, решавање на проблеми и одржување. Како специјализирана компанија со образован и квалификуван технички тим, со портфолио на водечките светски компании како и со широк опсег на услужни дејности, нашата база има повеќе од 300 задоволни респектибилни клиенти. Со толку многу години на успешен бизнис, станавме една од водечките компании во регионот.

Нашата експертиза го следи брзиот развој на ИКТ индустријата во областа на дизајн на решенија, испорака, образование и техничка поддршка. Квалитетот на извршените услуги е потврден со сертификати за стандардите ИСО 9001, ИСО 27000 и ИСО 20000-1 и сертификати од партнерите за давање на согласност со генералните процедури на производителите. Ибис Инструментс Србија, Ибис Инструментс Македонија, Ибис Инструментс Бања Лука (Босна) Телеком Инструменти Романија и Телеком Инструменти Бугарија се членки на Ибис Инструментс мултинационалната група која работи во Југоисточна Европа. Ибис Инструментс има деловно-техничка соработка со компанијата Niatel, која се наоѓа во Сараево (Босна).

Имаме визија

Нашата ВИЗИЈА е да бидеме синоним за компанија која е сигурен партнер на своите клиенти, компанија со високо ниво на професионалност и експертиза, која што е иновативна и креативна, компанија која преку широк спектар на решенија во својата понуда ќе им овозможи на своите клиенти да бидат на врвот на нивната продуктивност и ефикасност. Нашата визија е да бидеме лидери, и да ги направиме нашите клиенти лидери.

Нашата МИСИЈА е да создадеме функционална, сигурна и ефикасна деловна околина за нашите клиенти која оди во чекор со развојот на нови технологии и трендови и која континуирано расте и се подобрува.

Имаме знаење

Ние имаме тим на искусни професионалци кои ја ставаат нивната стручност и енергија во помагање на вашата компанија, со давање на она што е потребно со цел да се постигнат сите посакувани цели. Над 100 успешни проекти, и повеќе од 50 компании кои ги имаат почувствувано предностите на соработката со нашиот тим велат доволно за нас.

Имаме начин

Познавањето на деловното опкружување на нашите клиенти и негувањето на одлични партнерски односи со водечките светски компании кои веќе се наши партнери, нашата стратегија е постепено и темелно да го адресираме секој аспект на нашата соработка со клиентот, давајќи им висок квалитет на услуга и професионализам преку успешни проекти, пружајќи им го најдоброто од регионот и од светот.

Ибис Инструментс тим