За нас

ИБИС ИНСТРУМЕНТС е основан 1996. година со цел да ги исполни растечките побарувања за конкурентните производи и системи наменети за одржување, отстранување на проблеми, надзор и управување кај телекомуникационите мрежи. Денес, Ибис Инструментс претставува организирана и специјализирана фирма која може да понуди комплетно портфолио за тест и мерна опрема и OSS решенија во соработка со своите партнери, водечки светски производители. Покрај дистрибуција и имплементација на врвни светски решенија Ибис Инструментс нуди и секаков вид на:

  • Pre-sale услуги - Консалтинг, презентација и демонстрација на опрема и системи, семинари и предавања.
  • After-sale услуги – техничка поддршка, обука и едукација на корисниците, инженеринг, проектирање, сервисирање, редовно одржување на опремата и калибрација.


ПРИСУСТВО ВО РЕГИОНОВ:
Ibis Instruments работи во Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија, Албанија и Романија. Централата на фирмата е во Белград, а во рамки на фирмата работи и сервисната лабораторија. Групацијата Ibis Instruments ја сочинуваат Ibis Instruments Србија, Ibis Instruments Македонија, Telecom Instruments Романија претставништво во Бања Лука. Фирмата Ibis Instruments има работно техничка соработка со фирмата Niatel во Сараево.


ВИЗИЈА
на Ibis Instruments е да биде лидер во областите T&M и OSS во регионот, остварена е со формирање на компактен технички тим од 22 дипломирани инженери по телекомуникации и со комплетирање на T&M и OSS портфолиото со врвни светски произведувачи и нудење на сите услуги со што ќе се задоволат сите кориснички барања.


МИСИЈА
на Ibis Instruments е да ја задржи лидерската позиција со нудење на комплетна Pre-sale и After-sale поддршка кај своите комитенти, со пренесување на последните технолошки трендови на нашите принципали, да ја задржи изградената доверба и воспоставените партнерски односи со нашите корисници. Пазарите на модерните технологии се доста конкурентни и бараат ниски цени, ефикасност и високо конкурентен производ. Ибис Инструментс нуди производи, системи и услуги кои имаат за цел да ги прифатат барањата на пазарот и да ги исполнат очекувањата.


ПРИНЦИПИ на Ибис Инструментс се да се гарантира интегритетот, довербата и квалитетот на сите принципали и вработени. Основните вредности на нашата фирма се:

  • Нудење на основните услови за вработените да чувствуваат задоволство во работата, исполнување на работните обврски и меѓусебно почитување;
  • Здраво финансиско работење, профитабилно и ефикасно управување со фирмата;
  • Изградба на етичка, чиста и искрена соработка со комитентите и принципалите, како и помеѓу самите вработени.

Завршна сметка

Вести
© 2006. IBIS instruments. All rights reserved   |   designed & produced by MASSVision, powered by cMASS