Observer RPM (Remote Program Monitoring) е решение кое е наменето за оператори на кои им треба автоматски оценка на квалитетот на нивнита видео содржина во мрежата од една централна локација, без разлика дали содржината е избрана од headend или некоја оддалечена локација (надзор VOD сервиси или HUB -ови).
Observer RPM скенира илјадници канали, автоматски тестирајки ја исправноста на сигналите 24 / 7, генерира алапми (преку e-mail или SNMP trap), и ja снима проблематичната содржина ако каналот не ги исполнува претходно дефинираните граници. Под мониторинг функцијата се подразбира ниско ниво на звукот, недостатокот на видео содржини, замрзнати слики и црна слика, вклучувајќи известување кога каналот е вратен во нормален тек. Покрај тоа, Observer RPM има уникатна функција за откривање на макроблокинг грешки, кои се типичен резултат ако постои загуба на податоци или ако дигиталното видео е премногу компресирано. Кога се генерира аларм, Обсервер RPM може да ја снима содржината заради подоцнижно прегледување и за полесна дијагноза на потенцијалните грешки. Observer RPM ја елиминира потребата за рачен, визуелен преглед на каналите, дозволувајќи моментална реакција на грешките, наместо пасивно чекање на жалбата од страна на корисникот.
На кратко Обсервер RPM може да се опише како систем кој овозможува:
- Автоматско мониторирање на сите канали во системот
- Идентификација и проценка на сериозноста и причината на проблемот, често ја елиминира потребата да се испраќаат техничари на оддалечени локации
- Генерирање на аларм кога проблемот е детектиран и потврден
- Снимање на проблематичните канали 24 / 7 за подетално испитување
- Стриминг на саканиот канал за гледање од било која локација
- Креирање на логови и преглед на грешките преку веб
Observer RPM се состои од две главни варијанти Enterprise и Standard. Observer RPM-Е (Enterprise) е за корисници кои имаат потреба од high-end Enterprise решение, додека Observer RPM-S (Standard) за апликации за кои што не e потребно редундантност во напојувањето и RAID storage.
Observer RPM моментaлно овозможува алармирање доколку системот детектира некоја од следниве грешки:
- Loss of video signal (sync)
- Black screen
- Frozen screen
- Low audio
- Macroblocking
- Missing captions/subtitles
За сите овие аларми е овозможено поставување на лимити, како и дефинирање на лимитите по канал. Доколку се регистрира проблем во системот обсерверот испрќа аларм преку SNMP или е-мејл, а проблематичниот контент е снимен за подоцнежна репродукција и верификација на грешките.

За повеќе информации на www.volicon.com/index.php/products/observer_rpm/
Download:
|