Stealth Digital Analyzer

sda5000_m.jpgSDA-4040D и SDA-5000 се инструменти кои се користат за тестирање на HFC мрежата и за мерења како на пример дигиталната видео, податоци и традиционален аналоген сервис.

SDA-5000 оди чекор понатаму и поседува можност за изведба на Sweep тестови заедно со SDA-550 и SDA-5510 анализаторите. И двете опции претставуваат преносни инструменти кои се водоотпорни, робусни и инструменти кои овозможуват побеќенаменско на тестирање на дигиталните сервиси, како и мониторинг и анализа на аналогни сигнали. 

Инструментите се брзи во работата и наменети за квалификација на мрежите за новите сервиси кои се со се повеќе барања. Тие ја овозможуваат мерења на QAM дигитални сигнали, напредна анализа на 64, 128 и 256 QAM и приказ на спектарот на сигнали на опсегот во 5 MHz  - 1.000MHz. SDA SDA -4040D може да се надгради, за да ги има сите сите наведени функционалности како кај SDA -5000, така да тие заедно можат да вршат Forward i Return Path Sweep тестирања.

SDA-550 и SDA-5510 представуваат rack-mount инструменти кои овозможуваат тестови потребни за лесно и прецизно одржување на CATV системи.

sda5510_m.jpgSweep системот се состои од две компоненти: Field метар (DSAM-6000 или SDA -5000) и еден или два headend метри (SDA -5500 или SDA -5510).

Мерење на фреквентниот одзив се врши со внесување на сигналот на местото на слободните канали и користење на постоечките носители во искористениот дел од фреквенцискот спектар. При секое рефрешување на Sweep -податоци SDA -5500 ги праќа измерените вредности во field headend метрите. Дополнителна можност на SDA -5500 е и континуирано мерење на носителот.

SDA -5510 претставува rack-mount инструмент и овозможува reverse sweep monitoring до 10 единици (без разлика дали се SDA-5000 или DSAM единици).

Исто така, со SDA-5510 е можна комплетна анализа на сигналот во Кабелски мрежи, како и приказ на поединечните канали со прикажување на поединечните мерни резултати за секој посебно. Некои од мерењата кои се овозможени со SDA -5500 и SDA-5510 се: Signal Level (analogue/digital), Scan, Autotest, Tilt, C/N, Hum, Modulation, Spectrum-Analysis, Zero-Span, CSO/CTB.


За повеќе информации:


Download:

Вести
© 2006. IBIS instruments. All rights reserved   |   designed & produced by MASSVision, powered by cMASS