DSAM претставува милтифункционален инструмент кој овозможува мерење на forward и reverse Sweep заедно со EuroDOCSIS верификација, тестирање кабелски модем, анализа на аналогни и дигитални видео канали, тестирање VoIP и high-speed data, и други Triple Play сервиси во мрежите на кабелските оператори.
Ова all-in-one Triple-Play field метар овозможува најпрецизни мерења на типичните карактеристики, како и дополнителни опции кои се можно само кај производите од JDSU, како на пример:
- Digital Quality Index (DQI)
- StealthSweep™
- PathTrak™ FieldView
- VoIPCheck™
- TechComplete™ TPP/Home Certification
Навестувајќи нова ера во кабелски мрежи и тестирање на различни сервиси, DSAM-6000 е дизајниран така што кабелските оператори може да користи еден инструмент за тестирање на downstream и upstream, VoIP и анализа на аналогни и дигитални видео сервиси. Исто така, DSAM-6000 има уникатна можност за изведба на sweep тестови со мерења на нивото на сигналот, верификација на downstream на каналот, проверка и тестирање нивото на ingres и шумот.
Некои од основните мерења кои ги овозможува DSAM-6000 се:
- Мерење на нивото на сигналот (традиционален SLM за аналогни video и audio сигнали, и прецизно мерење на моќноста на дигиталниот канал користејќи ја единствената digiCheckTM опција)
- Digital Quality IndexTM (DQI) (DQI претставува проценка на квалитетот на QAM stream-ови, врз основа на MER и BER параметрите. Претставен е на разумен и разбирлив начин со оцени од "1" до "10", каде "10" претставува најдобар квалитет. Исто така ја прикажува историјата на случувањата во претходните 90 секунди)
- Miniscan и Fullscan преглед на фреквенцискиот спектар
- Tilt Mode
- HUM мерења
- Constallation Diagram
- Мерење на MER и BER параметрите на дигиталниот сигнал
Исто така, DSAM-6000 овозможува и комплексни мерења, како на пример:
- Sweep
- Тестирање EuroDOCSIS сервис
- VoIP тестирање
- Сеопфатно тестирање на аналогни и дигитални downstream канали
- Тестирање на Upstream и Downstream канали
- Компатибилност при работа со TechComplete Test Productivity Pack решенија
Во зависност од барањата што треба да ги задоволи, и од сервисите кои постојат во мрежата DSAM може различно да се конфигурира. Постојат 4 основни конфигурирање на DSAM, имено:
- DSAM-1500 – ги има сите основни мерења на аналогни и дигитални сигнали кои се неопходни при инсталацијата
- DSAM-2500 – покрај основните мерења со оваа конфигурација е можно да се направи trobleshooting и provisioning EuroDOCSIS сервисите
- DSAM-3500 – со оваа опција е можно Ethernet тестирање, со приказ на целиот спектар на downstream сигнали и constellation дијаграмот на QAM носителот
- DSAM-6000 – ги вклучува горенаведените функционалности, тоа што повеќе може да се направи со оваа конфигурација е Forward i Revers StealthSweepTM тестирања на перформансите на системот.
За повеќе информации:
Download:
|