PathTrak - Return Path Monitoring System овозможува најефикасен, континуиран и автоматски метод за следење и анализирање на перформансите на RF мржите и идеално решение за оператори кои во моментов, или за во иднина планираат развивање на системот со понапредни сервиси, како што се VoIP или VOD.
Самата PathTrak архитектурата се состои од дистрибуирани спектар анализатори, кои континуирано работат во скен режим и софтвер кој овозможува далечинско,мониторирање и приказ на резултатите.
Имплементираните алатки за анализа овозможуваат брза детекција на проблемите пред да имаат влијание на квалитетот на сервисот кој би го почувствувал и корисникот.
Истовремено, можноста на PathTrak-от да комуницира со SDA и DSAM портабилните инструменти (користејќи ја Field View опцијата) која и дозволува на техничароте моментален приказна спектарот на повратниот канал од HeadEnd-от и со самото тоа брзо и лесно решавање на проблемите со повратниот Ingress.
PathTrak е единствениот Return Path Monitoring System кој е доволно брз и моќен истовремено да овозможи, моментален приказ на спектарот од клиентската работна станица, континуиран преглед на случувањата кои влијаат врз перформансите и далечински приказ на спектарот користејќи (SDA или DSAM), Patent No. 6.425.132.
PathTrak-от непрекинато го мониторира шумот и нивото на носителот Upstream кои се добиваат од најразличките оптички јазли, при што со еден PathTrak сервер може да се мониторираат преку 1500 оптички јазли без билокакви влијанија на перформансите, а секој сервер може да го овозможи бараниот приказ за 30 корисници истовремено.
PathTrak-от овозможува чување на податоците во траење од месец дена, кои можат да се репродуцираат во било кој момент, а со опцијата PathTrak WebView може да се прикаже преглед на перформансите на системот и до година дена.
За повеќе информации:
Download:
|