| IDEAL LanTEK® II
IDEAL LanTEK® II е сертификатор за структурно кбалирање до 1000MHz, последна генерација која се карактеризира со извонредни карактеристики во перформансите, дијагностицирањето и брзина мерења.
Целокупното тестирање и верификација на Cat6/ISO Class E се изведува во само 14 секунди, вклучувајќи го и времето потребно за снимање на тесттестовите заедно со сите графички податоци. Резултатите од тестирањата може да се гледаат на ултра-јасниот LCD екран со висока резолуција со што се овозможува брза анализа и лесна навигација во графичкоте мени.
LanTEK® II е кабелски серификатор наследник на LanTEK® серијата и ја претставува шестата генерација на сертификатори на LAN кабели од IDEAL Industries и неговата аквизиција LAN Certifier Division on Wavetek. Стандардите за тестирање UTP, STP, FTP, и SCTP каблите, кои ги подржува, LanTEK II се TIA / EIA категорија кабли од 3 до 6А како и ISO/IEC Class C, D, E, EA F, FA.
Три основни модели
Трите основни модели на LanTEK® II им овозможуваат на корисниците сертификација на различни категории на структурното каблирање:
- LanTEK® II-350 е наменет за сертификација до 350 MHz, т.е. опфаќа Cat5E и Cat6 (ISO Class D и E);
- LanTEK® II-500 со сертификационен опсег до 500 MHz поддржува Cat6A и ISO Class EA;
- LanTEK® II-1000 за сертификација на целокупниот опсег до 1000 MHz сертифицира ISO Class FA и други апликации како CATV преку парици.
Хардверската платформа LanTEK® II, има многу подобрувања во однос на LanTEK® серијата, како што се голем 11cm WQVGA екран со резолуција 420x272 пиксели и со јасено, energy-efficient бело позадинско LED осветлување, кое овозможува фантастична видливост во било кои светлосни услови и агол на гледање речиси 180 степени. Покрај тоа, новата LiIon батерија е со помала тежина, а исто така овозможува оперативна работа од неверојатни 18 часа помеѓу полнењата. Батеријата има две опции на полнење: стандарден полнење за 8 часа кога батеријата се полни преку handсетот, или брзо полнење за 4 часа, ако батеријата е отстранета од handсетот и е поврзана директно на напојување со електрична енергија.
Со цел да се овозможи долгорочно континуирано работење на терен LanTEK II има внатрешна меморија со висок капацитет која овозможува за складирање до 1,700 мерења на CAT6 кабли со целокупен графички приказ. Ако овој голем простор нема доволно меморија LanTEK II има способност да се прошири со USB интерфејс. Во моментов се поддржани USB мемории со капацитет до 64GB. PTT (Push-To-Talk) функционалноста со вклучен talk-сет ја елиминира потребата од користење на дополнителни комуникациски уреди.
сличен како и претходните модели, LanTEK® II и понатаму има патентиран систем за мерење, кој за разлика од сите други сертификатори овозможува мерење и на channel и на permanent линк со единствениот универзален тест адаптер. Корисниците можат едноставно да го замени висококвалитетниот patch-cord со новиот сет, без потреба да се заменат со скапи модули или hard-wired link adapter.
Мерењата кои се овозможени со овој инструмент се следните:
- Wiremap (идентификација на погрешно ожичена парица, кратки споеви, отворени споеви и разделени парици),
- Должина на кабелот (поединечно за секоја парица),
- Пропагационо каснење (Propagation Delay),
- Delay Skew,
- Отпорност на јазли,
- Insertion Loss,
- Return Loss,
- Near End Crosstalk (NEXT) на Display и Remote единици,
- Attenuation-ot-Crosstalk (ACR) на Display и Remote единици,
- Equal Level Far End Crosstalk (ELFEXT) на Display и Remote единици,
- Power Sum Near End Crosstalk (PS NEXT) на Display и Remote единици,
- Power Sum NEXT на Display и Remote единици,
- Power Sum ACR на Display и Remote единици, итн.
Поради полесната детекција на xTP каблите, Lantek II поседува можност за генерирање на различни тонови на сите парици, кои можат да се детектираат со било која тестна сонда.
За повеќе информации погледнете на: http://europe.idealindustries.de/productgroups/19/510/lantek_ii.html
Download:
|