|
|
Ибис Инструментс има можност да пружи секаков вид на услуги на своите комитенти со што на најдобар начин би помогнале на техничките лица кои се занимаваат со мерната опрема и системите на нашите принципали. Услугите кои ги нудиме се:
- Консалтинг: врз основа на запознавање на техничкото опкружување на корисниците,проблеми и планови за иден развој на мрежата и сервисите, стручните лица на Ибис Инструментс врз основа на досегашното искуство секогаш ќе Ви предложат оптимално и економично решение кое треба да ги задоволува моменталните а и да биде во склад со идните потреби на корисникот.
- Инженеринг: Подразбира инсталирање, интеграција и подесување на сите системи од нашето портфолио. Исто така сме во можност во соработка со нашите партнери да понудиме и услуги како Banchmarking, планирање и оптимизација на мрежната инфраструктура со цел подигање на квалитетот на сервисот. Покрај услугата инженеринг обезбедуваме и проектирање со што секоја инплементација на систем би била направена во склад со стандарди и регулативи.
- Имплементација на OSS решенија: за производите од OSS областа, нудиме услуги за комплетна инсталација на софтверот и хардверот, имплементација во опкружувањето на корисниците, т.е. интегрирање со постоечкиот систем.
- Техничка поддршка: T&M и OSS секторите во Ибис Инструментс поседуваат обучени инженери за пружање на техничка поддршка (8x5 и 24x7) за системите од нашите принципали кои се имплементирани кај нашите корисници.
- Обука и Едукација: Технолошки, оперативни или администраторски обуки за работа со инструментите и системите, вршат нашите или стручњаците на нашите принципали во земјите во странство, во зависност од потребите на корисниците. Сите слушатели добиваат сертификати за извршена обука. Покрај обуката Ибис Инструментс организира технолошки семинари и предавања со цел за пренасување на новитетите и искуствата на нашите принципали и запознавање со нивните решенија и системи кои се имплементирани во водечките светски оператори.
- Сервисирање: Ибис Инструментс поседува локален сервис во кој вршиме инспекција на опремата, детекција на проблемите и замена на неисправните делови со нови од сетот на резервни делови кој го има Ибис Инструментс на лагер или со нарачка на оригинални делови од нашите принципали. Доколку сервисот од одредени причини не е во состојба да го изврши сервисирањето обезбедуваме сервисирање во централните сервисни лаборатории на нашите принципали. Исто така вршиме редовно или периодично одржување на машините за лепење на оптички влакна по процедурите и стандардите кои ги пропишува Fujikura ltd.
- Калибрација: Произведувачот гарантира за сите технички карактеристики кои се ставени во спецификацијата на инструментот во период кој е одреден со сертификатот за калибрација кој се испорачува со опремата. По истекот на периодот за калибрација Ибис Инструментс врши проверка на квалитетот на уредот, врз основа на стандардите го подесува инструментот во граници кои се дефинирани во техничката документација на инструментот. Во зависност од типот на опремата, овие услуги се извршуваат во лабораториите на произведувачот, и на основа на тоа се добиваат валидни сертификати за калибрација.
- Sw/Fw update: најновите верзии на управувачки софтвери и фирмверои кои се достапни на официјалните сајтови на нашите принципали или кај Ибис Инструментс, а може да се инсталираат самостојно или со помош на нашите инсталатери на мерна опрема со што би се унапредила нивната работа.
- Демонстрации: Ибис Инструментс е во можност за инсталирање на демо опрема како пилот проект и ги вршиме неопходните демонстрации за да се покаже функционалноста на презентираните решенија во мрежното опкружување на корисниците. Ибис Инструментс поседува сет на неопходна демо опрема на лагер која е во можност да се демонстрира кај корисниците со основна обука.
- Рентирање: подразбира изнајмување на мерни инструменти за вршење на мерења во одреден период со основна обука за работа со уредот.
- Стручна литература: сета потребна литература за мерните решенија и технологии можете да ја добиете во електрична или книжна форма ако не контактирате или не посетите.
| |
|
|
|  |
|  |
|
|